Диоптра Couture и Диоптра East Gate Mall 9 и 10 Декември 2021, беа организатори на настан за презентација на последните модели од брендот Balmain и Akoni. За страсните љубители на мода, ексклузивитет и раскош!

Mоќ, самоувереност, ексклузивност се синонимите што се поврзуваат со овие брендови. Рачно произведени во Јапонија од мајстори, занаетчии кои со декади ги  усовршуваат техниките на производство, користејќи ги нај префинетите материјали од природата. Премиерно моделите од “Limited Edition” колекцијата на BALMAIN и AKONI, за луѓе со смел и авантуристички дух, кои сакаат да излезат од конвенционалното живеење.