Dioptra Couture прослави 5 години постоење со ексклузивна промоција на новата колекција на DITA очила.

Dioptra Couture, водечки бренд во областа на оптиката, на 25.03.2022 прослави пет години постоење на македонскиот пазар со ексклузивна промоција на најновите модели на врвниот бренд на очила DITA.

Опкружени од своите соработници, пријатели, љубители на високата мода и повеќе видни личности од јавниот и културен живот, Dioptra Couture во славеничка атмосфера гламурозно го одбележа 5 годишниот јубилеј на успешна работа и посветеност само кон најдоброто за домашната и регионалната јавност.

“Навистина сме горди што заедно со нашите пријатели и соработници пред точно 5 години, на денешен ден, успеавме и Скопје да го ставиме на светската модна мапа, правејќи ги достапни најлуксузните брендови на очила кои претходно можеа да се видат и најдат само во светските модни центри како Лондон, Париз или Милано. Ние остануваме посветени на нашата мисија да го нудиме само најдоброто и искрено веруваме дека токму тоа и го заслужуваме” – рече Марија Костуранова, сопственичка на Dioptra Couture.

Паралелно со промоцијата во најлуксузните оптики во светските метрополи, на настанот беше промовирана и најновата колекција на американскиот бренд очила DITA, кој може да се пофали со над 25 годишна традиција во дизајн и производство на луксузни очила чии горди сопственици се и Лејди Гага, Бред Пит, Кејт Бланшет, Џејми Фокс, Ким Кардашијан, Ники Минаж и останати славни имиња од светскиот џет-сет. Домашната јавност ќе може да ги најде ексклузивно во Dioptra Couture и Dioptra East Gate каде е достапна комплетната понуда од DITA асортиманот, вклучително и најлуксузниот сегмент – Dita Epiluxury.

Сите модели кои се достапни во Dioptra Couture се карактеризираат со истенчен дизајнерски израз, а во сржта на сите нив е уникатноста и урбаниот стил. Помеѓу достапните брендови во салонот на Dioptra Couture може да се најдат и Oliver Peoples, Balmain, Akoni, Valentino, Moscot, Lindberg, Snob Milano, Etnia Barcelona, Gucci, Boucheron, Brioni, Stella McCartney, Pier Martino, Kyme, Alexander McQueen, JF Rey, Dita, Victoria Beckham, Cutler & Gross, Bottega Veneta, Tom Ford, Cavalli, Chopard, Persol, iO Ethical Italian Eyewear, и други.

Метрополитскиот салон на Dioptra Couture, сместен на приземјето на елитниот Мериот хотел во строгиот центар на Скопје, е прогласен како еден од најдобрите регионални и светски салони за оптика благодарение на високите стандарди во квалитетот и префинетиот вкус за елеганција. Репутацијата за квалитет се темели на тендецијата за континуирано следење на најсовремените технологиии во самите прегледи и стакла, кои се лесно достапни во нашите продажни места.

Тимот на Диоптра е склоп на амбиција која секогаш нуди одлична услуга и сервис на клиентите. Во Dioptra Couture се наоѓа и оптометриски кабинет кој располага со јапонскиот софтвер Hoya Eye Genius за детален преглед и изработка на очила или оптички леќи, што е уште една ексклузивна услуга достапна за домашната и регионалната јавност. Самата репрезентативност на Диоптра како бренд на квалитет го потврдуваат и познатите дизајнери Кристијан Рот и Ерик Домеж, како многу други бројни агенти и дистрибутери кои имале можност да го посетат салонот на Dioptra Couture низ годините.