И по 25 години, работиме со љубов како и првиот ден. Оваа вечер беше посебна за целиот тим на „Диоптра Оптикс“, па им благодариме на сите наши пријатели, соработници и верни клиенти што ја направија токму таква. 25 години урбана, уметничка приказна, која следи клучни принципи кои редовно водат кон светски норми.

Својот асортиман брои повеќе од 60 светски познати брендови и повеќе од 10.000 различни модели на очила за сонце и диоптерски рамки. Шест поглавја го красат успехот на Диоптра Оптикс. Dioptra Couture, Dioptra Optics и Dioptra Outlet, редовно се надоградуваат овозможувајќи бројни опции за лицата кои сакаат да го истакнат својот карактер и стил преку големиот избор на диоптриски очила и очила за сонце. Како секој човек така и секој салон на Диоптра има свој карактер и на најразлични начини ги задоволува потребите на најуникатните индивидуи. Кулминацијата на своето постоење се случува со отворањето на новиот продажен салон во East Gate Mall. Ексклузивитет, раскош и урбаност од светски ранг, топлина и пријателски однос е она на што ќе наидете при вашето пазарење во секој од салоните на Диоптра Оптикс.е

Тајната на успехот и темелот на секоја надградба која ја воведува Диоптра во својата понуда потекнува од мотивацијата која е резултат на желбата да им помогне на луѓето да имаат трендовски, комфорен и совршен вид.