
SWAROVSKI НАСТАН
04.03.2022
За љубителите и следбениците на модните трендови, во Диоптра Couture беше организиран настан за промоција на брендот Swarovski и промените кои дојдоа со новата колекција на очила.
Swarovski кристалите како детаљ во кој се вљубува секоја жена, ги прават очилата уникатни во секој поглед. Елеганција и префинетост се епитетите со кои се закитува секој пар очила од овој бренд.
Првата соработка на Swarovski и Marcolin започнува во 2009 година, за првата линија на очила да се произведе во 2011 година.













