Поставувањето на леќите се врши во три чекори:

  1. Позиционирање

Пациентот треба да користи огледало на подесување кога ја става леќата. Тоа ќе осигури пациентот да гледа во кој правец го движи прстот, на кој е поставена леќата, како истата не би се поставила на горниот или долниот капак.

  1. Отварање на капаците

За десното око, леќата би требало да се постави на врвот од десниот показалец. Средниот прст на левата рака треба да се постави над горните трепавици и да го држи горниот капак. Средниот прст на десната рака треба да се позиционира на долните трепавици од долниот капак и да го држи долниот капак отворен надолу. Капаците треба да се држат отворени.

  1. Поставување на леќата

Пациентот треба да гледа право во огледалото поставено на масата. Треба да гледа за цело време во огледалото, а не во леќата. Пред тоа треба на пациентот да му се објасни дека леќата нема да го оштети окото. Оној момент кога леќата ќе се постави во окото, пациентот треба да го повлече показалецот што ја држел леќата, потоа да го ослободи долниот капак, а на крај горниот капак. Процедурата за левото око е обратна.

оптометрист Марија Костуранова