Употребата на очила за читање, врз корекцијата со контактните леќи, меки или тврди овозможуваат оптимален вид за далечина и близина, лесни се за употеба и се економски исплатливи. И покрај тоа некои пациенти кои имаат потреба од често менување за далечина и близина истите ги сметаат за нефункционални.

Некои пациенти кои носаат контактни леќи, имаат целосна аверзија кон носењето на било какви очила.

Во секој случај потребно е ова опција да се предложи на сите потенцијални пациенти со пресбиопиа, кои веќе носат контактни леќи. Некои од нив сакаат да почнат со оваа опција, а подоцна се префрлаат на едно од опциите со мултифокални леќи.

оптометрист Марија Костуранова