1. Козметички причини
  2. Неудобноста од носење очила (дебели и тешки сткла, алегирска реакција на материјалот)
  3. Подобрена корекција на видот (кај keratokonus, механички повреди на рожницата, корнеална дисторзија, анисометропија)
  4. Спорт и рекреација. Повеќето спортисти (професионални и рекреативни) ја користат предноста на контактните леќи како од удобноста, така и од зголеменото видно поле.
  5. Професионални причини. Како спортистите, многу други професии го користат бенефитот на контактните леќи. Контраиндикација за носење контактни леќи се оние пациенти кои работат со нечиста и загадена околина каде има опасност од прашината или парчиња да навлезат под леќата. Исто така кандидатите кои работат во лабараторија или со хемикалии се ризична група кај која постои опасност од хемиски кератитиси, преку загадувањето преку самата контактна леќа. Лоши кандидати за контактни леќи се и водоводџии и авто-механичари кои не можат целосно да ги одстранат нечистотиите и масните наслаги од нивните раце. Одредени професии како пилоти, авионски персонал и видео оператори се изложени на сушење на воздухот и ретко трепкање што ја дехидрира контактната леќа.
  6. Кај овие пациенти носењето на контактни леќи не е контраиндикација, но треба да се скрати времето на носење, како и оддржувањето (да се забранат агресивните средства, а да се појачат овлажнувачите/вештачките солзи).

оптометрист Марија Костуранова