Доколку пациентот е загрижен за одредени митови или невистини за контактните леќи, најдобро е на првата средба да се продискутира за нив. Најчести заблуди кај пациентте се следните:

  1. Контактните леќи ќе ми одат зад окото.
  2. Контактните леќи ќе ми го скршат окото.
  3. Јас не можам да носам леќи затоашто имам стигматизам.
  4. Контактните леќи ќе ми ги оштетат очите.
  5. Мора да имаш минимум 16 години за да може да носиш контактни леќи, нели?
  6. Контактните леќи се многу болни

Треба исто така да им се укаже на пациентите дека леќите не вршат заштита на очите. На некој начина ја штитат самата роговица од повреда или летечки објекти, како и при многу несреќни случаи во автомобилски несреќи. Леќите не може да заштитат од траума со остар предмет, хемиска токсичност, како и од други повреди се препорачува задолжително носење на заштитни очила секогаш кога постои опасност од повреда на очите. Доколку се занимаваат пациентите со одредени опасни спортови се препорачува носење на одредени заштитни очила врз контактните леќи.

оптометрист Марија Костуранова