ПОТРЕБНА АДАПТАЦИЈА ЗА УПОТРЕБА НА АСФЕРНИ И АТОРИЧНИ ЛЕЌИ

Реално адаптацијата на асферните и аторичните леќи треба да биде лесно прифатлива за сите пациенти кои првпат носат очила или пак се задоволни со помалата базна кривина, потенката леќа и помалку периферни дисторзии кај асферните и аторичните леќи.

За жал, некои пациенти кои долго време носеле сферна корекција се имаат навикнато на дисторзните линии на периферијата од леќата, така што мозокот е навикнат да ги исправува искривените линии и сега кога ги нема е потребна поредена реадаптација. Еднаш кога ќе се навикнат, се разбира доколку леќите се правилно и точно центрирани, видот ќе биде многу подобар, но после одредено време, кој е различен за секој пациент. Задолжително е да се предупреди на адаптацискиот период, како не би имале негативни реперкусии.

ВИСОКОПЛУСНЕН ДИЗАЈН НА ОФТАЛМОЛОШКИ ЛЕЌИ

Високите плусеви беа многу почесто употребувани пред корекцијата на катарактата со интраоклуларни леќи. Иако во денешно време поретко се користат, неопхпдни се кај високи хиперметропии, како и за опрекција на афакично око.

Доколку се користат од еден дел, се препорачува дијаметарот да биде што помал, како и да се користи леќа со голем асферитет како би се намалила дебелината. Сепак, за корекции над +8.00 диоптрии се препорачуваат лентикуларни леќи, кои се составени од држач во кој е поставена јаката плус леќа со мал дијаметар.

Леќата во средината на лентикуларната леќа може да биде сферна или асферна.

Предности на лентикуларните леќи се редуцираната дебелина, намалената тежина, добрата оптичка корекција и острина кај асферните лентикулари и можноста во вградување на секој тип на рамка (метални, тенки рамки).

Недостатоци на лентикуларните леќи – малото видно поле и изгледот. Иако преминот е направен да биде постепен, сепак изгледот е како јајце на око, каде централниот дел е поиспакнат и личи на жолчката.

Новалентот е нова технологија на високоплусни леќи каде диоптријата од држачот на лентикуларот се качува постепено кон централната најјака зона. На тој начин и гледањето е подобро, а и преминот е поблаг, такашто границата е понеприметна.

оптометрист Марија Костуранова