Видната острина за близина најчесто се одредува кај презбиопијата или кај проверувањето на акомодацијата или кај недостаток на очната леќа (афакиа).
Најчесто се користат специјално дизајнирани табли за читање со одредени знаци-оптотипи.

Најпознати се Jager-овите таблички за читање, каде текстот и бројките се на секој ред со различна величина.

Постојат таблички Јегер 1 за читање на 25 cm и Јегер 5 за читање на 50 cm.

Табличките се ставаат на потребната оддалеченост (најчесто на 40 cm или на потребната работна далечина) и се прашува пациентот до кој ред чита. Добиените резултати се евидентираат.

оптометрист Марија Костуранова