Dioptra Couture

На 25-ти март во срцето на Скопје, Плоштад Македонија, се отвори ново поглавје во оптиката. Dioptra Couture придонесува и предизвикува несекојдневен развој во оптичкото поле во Македонија. Dioptra Couture е шести салон од семејството на Dioptra (Optics, Outlet) кој за прв пат во Македонија ги нуди најлуксузните брендови од светскиот пазар. Салонот нуди архитектонско уживање, палета на премиум, уникатни брендови. Покрај разноликоста на производи, Dioptra Couture располага со јапонски софтвер на ID оптички леќи (Hoya Eye Genius) кој исто така е застапен за прв пат во Македонија. Во склоп на самиот салон е отворен и оптометриски кабинет, каде што за еден час се изведува детален преглед, и се обезбедува изработка на очила и леќи. Пријатната атмосфера надградена со професионална услуга нуди вистинско уживање за секој кој ќе го посети Dioptra Couture. Салонот воведе светски и уникатни брендови како Oliver Peoples, Philippe Starck, Moscot, Lindberg, Snob Milano, Etnia Barcelona, Gucci, Boucheron, Brioni, Stella McCartney, Pier Martino, Kyme, Alexander McQueen, JF Rey, Dita, Victoria Beckham, Cutler & Gross, Bottega Veneta, Tom Ford, Cavalli, Chopard, Persol, iO Ethical Italian Eyewear, и други. Повеќето брендови се новитети на македонскиот пазар, но познати се поради листата на актери, пејачи, уметници кои ги носат (Moscot: Johnny Depp, Lindberg: Meryl Strip, Queen Elizabeth, Elton John и сл.), а се омилени на Менхетен, Лондон Сохо, и Лафает Париз. Dioptra Couture цели кон можноста секој да ја истакне уникатноста на својот. Од големиот дијапазон на производи во салонот има и модели по пристапни цени за сечиј вкус. Брендовите кои се нудат се сржта на модната култура низ целиот свет.

Салонот на Dioptra COUTURE може да го најдете на Плоштад Македонија, во склоп на хотелот Marriott, кон улицата Максим Горки.

Контакт телефон:
+389 2 3111 164
+389 78 334 545

info@dioptra.com.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

понеделник – петок:
09.00 ч. до 21.00 ч.

сабота:
09.00 ч. до 17.00 ч.