За нас

Кога искрено го љубиш она што го работиш, лесно е да пишуваш страници на успешна и богата историја. Нашиот успех е граден врз разноликост, индивидуалност, експертиза и желба за подобрување на полето на оптиката во Македонија.
Пасијата кон науката, како и кон модните аксесоари кои веруваме дека треба да прераснат во изразна естетика на секој еден кој ги поседува, почнува да се развива нашата приказна со отворање на првата оптика – Dioptra OPTICS, 20 години присуство на пазарот.
Dioptra Optics полека но, сигурно, се градеше во име надалеку познато по палетата на модели и светски брендови кои ги застапува, не изоставувајќи ја силната страна на оптиката – експертизата и задоволството при помош на своите клиенти. Денес, Dioptra Optics е име за кое повеќе не е потребно објаснување. Во својот ранг на производи нуди луксуз и елеганција, монденски стил, како и економични, неконвенционални и лежерни очила за сечиј избор.
Приказната не застанува овде. Исто како што следиме трендови, ги следиме и потребите на задоволните посетители. Поради тоа, во 2016-та година, се отвора Dioptra OUTLET со избор на очила кои го задржуваат изградениот стил на елеганција и потреба, а сепак со најприфатливи цени и огромни попусти и промотивни активности.
Една година подоцна, значаен дел од сонот на Dioptra станува јаве. На 25.03.2017, се отвора круната на Dioptra – ултра екслузивниот и метрополитски салон, Dioptra COUTURE, во срцето на Скопје, плоштад Македонија. Изграден по ненадминлив архитектонски предизвик, вистинско уживање за Вашите очи. Единствен салон во регионот што професионалната грижа секојдневно ја негува и практикува. Високо професионален тим кој верува во значењето на советите, посветеноста на побарувањата и одлични “проценители” на тоа што Ви недостасува. Dioptra COUTURE го одбележува своето постоење со нудење на услуги и брендови кои се за прв пат застапени во Македонија. Во склоп на самиот салон е отворен оптометриски кабинет, каде што за еден час се изведува детален преглед, и се обезбедува изработка на очила и високо квалитетни леќи. Листата на уникатни брендови е долга, а како имиња кои до сега беа непознати на пазарот се: Oliver Peoples, Philippe Starck, Moscot, Lindberg, Snob Milano, Etnia Barcelona, Gucci, Boucheron, Brioni, Stella McCartney, Pier Martino, Kyme, Alexander McQueen, JF Rey, Dita, Victoria Beckham, Cutler & Gross, Bottega Veneta, Tom Ford, Cavalli, Chopard, Persol, iO Ethical Italian Eyewear, и други.
Над две децении ги овозможуваме убавините кои вреди да ги видиш и кои инспиративно те надополнуваат!